Големите моделски имиња со тежок имиџ поставуваат посебен предизвик кога се појавуваат првпат пред публиката, а особено вторпат. Тие бараат врева, но точно дозирана, ниту премногу, ниту премалку. Втората генерација на Range Rover Evoque синоќа ечеше точно по мера во срцето на Скопје.
Тоа што синоќа се случуваше на највеселиот покрив на светот, во скопскиот ресторан Рагуза 360, најмалку беше парада на коњски сили и компензација со должински метри автомобил, а многу повеќе беше прославување на дебито на еден модел кој постигнува голем придонес за автомобилската сцена да живее, да се зборува и да се сонува.
Range Rover Evoque е еден од оние автомобили што живеат од имиџ и не им се потребни коњски сили или метри да се издвојат од останатите. Имиџот, пак, на овие автомобили, се гради токму на настани каков што синоќа одржа Аутомобили Груп. Како понатаму ќе опстојува англискиот благороден автомобил на специфичната македонска сцена, зависи токму од настаните како синоќешниот.
https://photos.app.goo.gl/HFtaZ5TxDu48tZvS6
Публиката прецизно го „мери“ дебито на автомобилите. Прегласна атмосфера, при што под гласно секако дека не се подразбира само гласна музика, ќе го разори имиџот на Evoque. Од друга страна, претивка атмосфера ќе го разблажи името на моделот, ќе го направи автомобилот неважен.
Симболиката на одржување на премиерата на покрив во центарот на градот е совршено погодена, по пример на њујоршките „евенти“ од овој тип
Присутните гости на премиерата дадоа одобрување за пристигањето на втората генерација на Range Rover Evoque. Кога тоа што организаторите сакаат да го соопштат, не се согласува со разбирањето на публиката, таа брзо си заминува. Настанот синоќа траеше и тоа е најдобрата потврда за прифатеноста на автомобилот.
https://photos.app.goo.gl/pcDEyKT5NvQhkiPz5
Најважната придобивка од целиот овој настан оди за севкупната македонска автомобилска сцена, а тоа е дефинитивната потврда за враќањето на еуфоријата при пристигањето на новите модели на нашиот пазар, на местото на некогашната фрустрација, којашто беше лажно диригирана и на крајот се претвораше во тоа што автомобилската сцена денес го води под заедничкото име „бугарски увоз“. Честито нека е!
https://photos.app.goo.gl/FgoAa9KRrahqZ24A6
https://photos.app.goo.gl/69FZEgYmzpgALLmu6
https://photos.app.goo.gl/GBJR3wodDM86Fe6L8
https://photos.app.goo.gl/Bi6CXauEDSHp4fQ77
https://photos.app.goo.gl/6RHyQkfJ6jc4D37T8
https://photos.app.goo.gl/tuzNnG6V2FkFxoFh9
https://photos.app.goo.gl/3ewybXWRU9VskyaRA
Range Rover Evoque најпопуларен автомобил во премиер лигата
Range Rover Evoque Convertible: Кабриолет за сите годишни времиња
Jaguar Land Rover отвори фабрика во Словачка
Рекорд на Land Rover со колона од 632 возила
















