Трите концепти на Mitsubishi: Наследниците на Pajero, ASX и Space Wagon

Преку трите концептни возила Mitsubishi го прикажува новиот дизајнерски правец на своите модели, но и во погонот има новитети. Новиот Pajero ќе се нуди и во хибридна изведба.

Иако се чини дека футуристичкото трио од модели на Mitsubishi има првенствена цел да ја најави промената во визуелниот идентитет на возилата на марката, веќе има и конкретни најави за погонот на идните Pajero, ASX и Space Wagon.

201310080_1

Концептот GC-PHEV, како што укажува самото име (PHEV= Plug-In Hybrid Electric Vehicle), користи хибриден погон со можност за надворешно полнење на батериите, по пример на Outlander PHEV, кој веќе е во продажба. Освен со возната динамика, новиот Pajero ќе се издвојува од конкурентите и со штедливоста. За погон на сите тркала се користи познатиот систем S-AWC, кој според производителот гарантира „висока управливост и стабилност во возење во спој со проодност на вистински теренец.

Две класи подолу е позициониран концептот на компактен теренец XR-PHEV, со покрив во стил на купе и со спортска ориентација. Динамичното возење и во тој случај нема да оди на сметка на потрошувачката на гориво, затоа што и во овој случај се користи хибриден погон. Разликата кај наследникот на ASX е во тоа што погонот не е на сите тркала, туку само напред.

Трет е концептот AR, како кросовер што спојува возни својства на спортски теренец со просторност и функционалност на семеен ван. Место хибриден погон, кај идниот Space Wagon работи мотор со смалена работна зафатнина, со турбонатполнење и директно впрскување на горивото.

Претходна објаваМоторите ги гаснат цилиндрите заради штедење
Следна објаваToyota разви нов систем за заштита на пешаци

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here