Петтата генерација на Renault Clio нема лесна задача да го наследи претходникот, кој ќе замине како втор најпродаван модел во Европа, по Golf. Враќањето на духот на првата генерација и вешто составената моделска понуда сепак ветуваат дека новиот Clio ќе има мошне забележлив пазарен старт.
Renault Clio во основната моделска изведба со мотор со 65 КС стартува од 14.100 евра на францускиот пазар. За овој модел сепак ќе треба малку да се почека, затоа што моментно се примаат нарачки само за турбо-бензинците со 100 и со 130 КС, како и за Blue dCi со 85 и со 115 КС.
Renault сака повторно да се издвои во безбедноста, овојпат со системите за асистенција што следуваат уште во основното ниво
Купувачите имаат на располагање пет нивоа на опрема: Life, Zen, Intens, новото R.S. Line и престижното ниво Initiale Paris. Пријатно изненадување се диодните предни светла уште во основното ниво, заедно со систем за самостојно запирање при опасност од удар во пешак или велосипедист, систем за следење лента, камера за знаци и автоматско долго светло.
https://photos.app.goo.gl/J1UmxLxnj5TZN8jZ9
Дури и во компакт класата е необично толку обемен арсенал од системи за асистенција и за безбедност. Тоа треба да се разбере како продолжение на настојувањето на француската марка да понуди повисоко ниво на безбедност од конкуренцијата, како што беше случај во „раните“ фази на Euro NCAP. На тоа се надоврзува патен компјутер со пречник од 4,2 инчи и електрика на предните прозорци со автоматска контрола.
https://photos.app.goo.gl/J5BkjXymW3bsojeB8
Второто ниво Zen дополнително поседува клима уред, средишен дисплеј од 7 инчи и подршка за Apple Car Play и Android Auto. Следното ниво на сериска опрема Intens веќе нуди луксуз за оваа класа, со дигитална табла со инструменти од 7 инчи, навигација, автоматски клима уред, алу-бандажи од 16 инчи, диодни магленки, пристап без клуч, радар назад и електрична паркирна сопирачка. Возачот може да избира и меѓу три режими на работа на погонската спрега.
Последните две нивоа R.S. Line (во замена за GT Line) и Initiale Paris се врвни изведби во стил на Baccara и сличните специјални серии од првата генерација.
За цените, почетокот на продажба и нивоата на опрема за македонскиот пазар уште е рано. Генерацијата во заминување моментно стартува од 12.190 евра.
Целосниот ценовник за новиот Renault Clio за францускиот пазар:
Renault Clio ќе биде најпродаваната премиера од Женева
Кога Renault Clio ќе стане повеќе посакуван избор од Megane
Новиот Renault Clio почнува од внатрешноста
Renault Clio: Дваесет и петте години на најпродаваниот француски автомобил во историјата
















