Гумите со вештачки каучук подобри од „природните“

камионски гуми вештачки каучук

Природниот каучук станува скап и го нема доволно. Вештачкиот каучук ги решава тие проблеми, но гумите што го содржат не издржуваат како обичните и поради тоа досега не можеа да се користат за камиони. Нова технологија кај вештачкиот каучук првпат го надминува природниот во тој поглед, за 30 до 50 проценти.

Гумите што содржат вештачки каучук во замена за природниот од каучуково дрво, досега не можеа да се користат во камионскиот транспорт, затоа што се трошат побрзо. Компаниите со големи возни паркови би се изложиле на дополнителни трошоци доколку треба да ги менуваат гумите во покус интервал.

Од друга страна, добивањето природен каучук е загрозено, поради тоа што цели плантажи во Бразил се уништуваат од габата микроциклус улеи. Главнината каучук моментно пристига од Азија, но и таму постои опасност од штетната габа.

Научни тимови на познатиот германски институт Фраунхофер работеа на усовршување на својствата на вештачкиот каучук, па дури постигнаа и подобрување во споредба со природниот каучук во поглед на издржливоста на гумите. Гумите со синтетски каучук губат една третина помалку маса, а трошењето на профилот е преполовено. Тоа е важна вест за производителите на камионски гуми.

Обновувањето кај глуварчето трае три месеци, кај каучуковите дрва седум години

Природата ги поучи научниците. Каучукот што се добива од глуварче, исто како каучукот од дрво се состои од 95 проценти полиизопрен и остатокот од протеини или липиди. Предноста на глуварчето е во тоа што обновувањето на насадот трае три месеци, наспроти седум години кај каучуковото дрво.

Научничките и научниците на Институтот синтетизираа каучук од биомолекули од глуварче и стопроцентно чист полиизопрен. Исто како природната суровина, кога вештачкиот каучук ќе се растегне трипати, се создаваат кристали и каучукот се скрутува. Новите научни сознанија се користат во делот на саѓето што се додава за гумите да добијат црна боја. Денес сé почесто се користат силикати за таа цел. На Франухофер моментно се истражува, како со нов вид силикати да се постигнат својствата на природниот каучук.

Тестирањата ги потврдија предностите на вештачкиот каучук

Институтот нарача независно тестирање со четири камионски гуми, две со вештачки, две со природен каучук. По 700 кругови извршени со патнички автомобил во едниот правец и уште 700 крутови во спротивен правец, резултатите покажаа: Гумите со природен каучук изгубиле 850 грами и 0,94 милиметар од профилот, додека овие вредности кај гумите со вештачки каучук изнесуваат 600 грами и 0,47 милиметри. Се смалува и отпорот при тркалање, а тоа води кон смалена потрошувачка на гориво.

Истражувањата продолжуваат, моментно се бара партнер од гумарската индустрија што ќе го откупи патентот и ќе го понуди новиот вид гуми во продажба.

Continental ќе произведува гуми од каучук добиен од глуварче

Претходна објаваHyundai Ioniq им носи струја на електромобилите со празна батерија
Следна објаваContinental наградува со ексклузивно возачко искуство во Прованса

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here