По купе-лимузината Mercedes CLA доаѓа и BMW 2 Gran Coupe

BMW serija 2 gran coupe

Каросериската форма на купе-лимузина е одлично прифатена во повисоките класи на BMW, а нскоро ќе биде достапна и во компакт класата. Купето со четири врати во серијата 2 на BMW ќе се појави во ноември, сега следи само најава, затоа што новиот Mercedes CLA е пред старт.

BMW ја продолжува моделската офанзива и ветува „иновативен концепт на возило за премиум компактниот сегмент“. Шефот на BMW, Харалд Кригер го најави новото Gran Coupe во серијата 2 во рамките на претставувањето на финансискиот биланс на групацијата. Новиот модел се опишува како „особено дизајнерски ориентиран модел за модерни, урбани целни групи.“ Премиерата на најмалечкиот Gran Coupe ќе се одржи на салонот во Лос Анџелес во ноември годинава. Стартот на продажбата е планиран за напролет 2020 година.

Погон напред и заедничка платформа со серијата 1 на BMW, којашто исто така ќе има премиера годинава

Купето со четири врати ја користи платформата на BMW за модели со преден погон и во најголемиот дел ги користи технологиите од новата серија 1, којашто исто така ќе биде претстсавена во текот на годинава.

Моделот ќе биде достапен глобално, со посебен акцент на пазарите кадешто купувачите имаат афинитет кон лимузинската форма. Со димензиите на каросеријата и цената, новиот модел ќе се позиционира меѓу сериите 1 и 3. Преоѓањето на преден погон дозволува повеќе простор во кабината.

Според менаџерите на BMW, откажувањето од традиционалниот заден погон не претставува пречка за целната група на компактниот Gran Coupe. Покрај тоа, подвозјето е дотерано за да ја понуди типичната возна динамика на баварската марка.

Класичната купе изведба со две врати во серијата 2 има различна целна група и користи различна платформа од Gran Coupe, со заден погон.

На Mercedes CLA му се посреќи во Лас Вегас

Македонска гордост на салонот во Женева: Славче Таневски и Mercedes CLA

Лимузинскиот Mercedes A-Class во Македонија стартува од 27.990 евра

BMW i3 по супертестот на 100.000 километри во АУТО БИЛД

Претходна објаваToyota и Suzuki се подготвуваат за голема соработка
Следна објаваРано е за 1-ви Април: Shell продава универзално моторно масло

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here