Српски џезери свират во Audi: Душко Гојковиќ на 21-ви март во Инголштат

dusko gojkovic audi forum

Душко Гојковиќ, музичката легенда што им значи многу на повозрасните генерации на „балканиве“, ќе одржи концерт на 21-ви март во културниот комплекс на Audi во Инголштат. Светски познатиот трубач ги има своите почетоци уште во 1950-те години, во тогашниот Биг Бенд на РТС Радио Белград.

Гојковиќ веќе долги години поседува германско државјанство, но не ги заборава своите корени во поранешна Југославија. Трубачот, родум во Јајце, Босна, црпи инспирација за својата музика од Дизи Гилеспи, Мајлс Дејвис, Сони Ролинс и Стен Гец, која секогаш е во спој со влијанијата од Балканот.

Покрај сета традиција, постојано има простор за новa инспирациja. За Биг Бендот на РТС Радио Белград важи дека на единствен начин ја спојува традицијата од Балканот со модерните музички тонови. Audi Forum Ingolstadt, како што е официјалното име на културниот комплекс на Audi во Инголштат, на 21-ви август ќе одѕвонува во звуците на музиката на Душко Гојковиќ и на Биг Бендот на РТС Радио Белград, што ја препознаваат и посебно ја доживуваат љубителите на музиката на нашите простори.

Музика од 1970-те за вистинско расположение во автомобилот

Rolls-Royce е ѕвездата во ова музичко видео

Претходна објаваАнглиски дилери на Mitsubishi дизајнираат L200 по сопствена замисла
Следна објаваToyota ќе испраќа возило со водороден погон на Месечината

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here