Групацијата PSA ќе се шири на светскиот пазар. Трите носечки марки на францускиот производител ќе се насочат кон посебни региони, без притоа да си пречат при освојувањето на новите пазари.
Opel ќе се врати на големиот руски пазар, по преоѓањето во PSA. Францускиот концерн планира значајно зголемување на продажбата надвор од Европа. За таа цел, Opel го добива под надлежност рускиот пазар, Peugeot ќе се посвети на северноамериканскиот пазар, додека на Citroen ќе му припадне Индија.
Германската марка се повлече од рускиот пазар во 2015 година, во времето кога Opel уште беше дел од американскиот концерн General Motors. Причината беше драстичното намалување на продажбата на возила во Русија. Шефот на финансии во PSA, Филип де Ровира, цени дека за Opel е важно да се шири на светскиот пазар. Но, тоа нема да се случи по секоја цена. Услов е бизнисот во странство да биде профитабилен. Французите го презедоа Opel во август 2017 година.
Само нови моделски серии за враќањето на Opel во Русија
Германската марка ќе биде присутна на пазарот во Русија само со нови моделски серии. Opel ќе ги продава само моделите што користат платформа од PSA. Тоа значи дека моделите како Astra или Mokka, кои беа развиени во времето на General Motors, нема повторно да се појават на рускиот пазар. Дел од моделската понуда ќе се произведува локално во фабриката на PSA во Калуга, додека дел ќе се увезува.

Топ 10 Најпродавани автомобили во Русија
Lada продала 360.000 возила на рускиот пазар лани
Opel првпат профитабилен по 20 години
Opel GT спортуваше уште пред Manta и Calibra
















