Швајцарија бира автомобили со претплата

upto svajcarija avtomobil pretplata

Возачите во Швајцарија кои не сакаат да поседуваат сопствен автомобил и немаат доведба во понудите за финансирање, веќе неколку месеци се решаваат за новата услуга којашто наједноставно се опишува како автомобил на претплата. Покрај фиксната месечна рата, мора да се плаќа само гориво и паркирање, буквално.

Во алпската земја неколку месеци се нуди флексибилна претплата за автомобил, возачите во Швајцарија со одушевеност ја прифатија услугата. Поради големиот интерес, компанијата UPTO го удвои возниот парк што им стои на располагање на корисниците. За разлика од класичниот договор за лизинг, кај оваа компанија нема скриени трошоци. Сé е вклучено во цената, освен паркирањето и горивото. Планот е возниот парк во следните три години да се зголеми на неколку илјади возила.

Нема потпишување обврзувачки договор, нема временска рамка, платено е осигурување, регистрација, поправки, замена на гуми; Единствено се плаќа месечен износ за користење на возилото

Без учество, скриени трошоци и без ограничување на километражата, UPTO едноставно нуди возило за месечно користење по фиксна цена. Корисниците можат да избираат меѓу пет категории (компакт, семејно комби, СУВ, доставно возило, електричен автомобил), со можност по потреба да се префрлат на возило од повисока или пониска категорија.

Карстен Фурман, коосновач на UPTO, коментира: „Во првите месеци продадовме повеќе претплати отколку што просечен дилер продава автомобили за цела година.“

Месечната рата за модел од компакт класата изнесува 699 швајцарски франци, односно до 999 франци за СУВ-модел. По изминувањето на минималниот рок на користење на возилото од шест месеци, договорот може да се прекине по потреба или евентуално да се избере друго возило. Според статистиката, просечните месечни трошоци за автомобил во Швајцарија изнесуваат 733 франци. Понудите на UPTO се мошне блиски до таа сума, единствено е потребно возачот да биде „свесен“ дека трошоците за гориво не се единствените трошоци кои ги произведува сопствениот автомобил.

Според сличен принцип ќе се нудат и електричните автомобили на Polestar, специјализираната подмарка на Volvo. Пазарните аналитичари ценат дека овој модел на „поседување“ возило ќе биде сосем вообичаен во блиска иднина.

VW прв, Mercedes втора најпродавана марка во Швајцарија во јануари

Tesla вози во служба на швајцарската полиција

Швајцарци ќе произведуваат електричен трицикл за низ град

Базел почнува со изнајмување електрични автомобили

 

Претходна објаваТоп 20 Најпродавани СУВ-модели од компакт класата во Германија
Следна објаваSkoda Vision iV прикажува сосем различна внатрешност

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here