за

Швајцарци ќе произведуваат електричен трицикл за низ град

bicar pretpremiera, електричен трицикл

Уште еден проект кој произлегува од иноваторски елан е на пат да стане секојдневие во европските градови што сакаат чист воздух и слободен простор за движење. Bicar е електричен трицикл и доаѓа од Швајцарија

Дали тоа ќе биде вториот најголем швајцарски пронајдок по повеќефункционалното ноже? Овој градски трицикл со погон што не го оптоварува градот со дополнителна штетна емисија, можеби нема да има толку далекусежно глобално влијание, но сигурно ќе го привлече вниманието на генерацијата што електричниот погон го гледа како свој „современик“.

Возилото со име Bicar беше претставено во Цирих уште во 2015 година. Во меѓувреме се основаше Share your Bicar AG, како спиноф на Факултетот на применети науки во Цирих. Домашен инвеститор ќе ја има честа да го доведе возилото до зрелост за сериско производство. Иднината на Bicar е дополнително осигурана преку два развојни прокети на ЕУ и учество на уште две партнерски фирми.

bicar pretpremiera 1

Името Bicar кажува дека се работи за спој на велосипед и автомобил. Лесното возило за едно лице е компактно и замислено е за превоз низ град, како возило за заедничко користење, односно јавен возен парк. На стандардно паркинг место собира дури 8 „бикари“. Моментно на довршувањето на развојот работат една индустриска дизајнерка од циришката школа за инженеринг и уште шест инженери. Целта е возилото да ги исполни стандардите за хомологација на ЕУ.

Електричен трицикл за градовите што сакаат да го намалат загадувањето и да ослободат простор

Планот е првите возила да почнат да се користат во градовите уште в година. Основачите на спинофот, Адријан Бури и Ханс-Јорг Дениг, преговараат со повеќе градови низ цела Европа. Концептот на Bicar би требало да наиде на интерес во управите на градовите коишто бараат решение за мобилност коешто не ја оптоварува животната средина и не одзема простор, коешто ќе направи користењето на сопствениот автомобил во град да стане одвишно.

Bicar има и интересна техника. Главниот штос е во техниката којашто овозможува возилото да се наведнува во свијоци, исто како со мотоцикл. Брзината е ограничена на 45 km/h. Полузатворената школка околу возачот штити од временски влијанија, за концептот да биде применлив во текот на целата година.

Швајцарскиот електромобил на солена вода извозе 150.000 km без мака

Во Швајцарија отворена првата пумпа за точење водород

Швајцарски град тестира автобуски превоз без возач

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Michelin тестирање истрошени гуми 6

Michelin бара да се тестираат и истрошени гуми

Toyota Corolla Touring Sports

Toyota Corolla во комби изведба за салонот во Париз