Toyota Corolla во комби изведба за салонот во Париз

Toyota Corolla Touring Sports

Најразумната просторна надградба наспроти СУВ, во форма на Toyota Corolla во комби изведба, пристига како светска премиера на салонот во Париз во следниот месец

Toyota пролетоска го започна обновувањето на гамата компактни модели со претставувањето на комбилимузинската изведба со пет врати на салонот во Женева. За заокружувањето на европската сезона на големи салони на автомобили, Toyota на салонот во Париз во следниот месец ќе ја претстави и комби изведбата. Во меѓувреме се смени и името: Auris повторно е Corolla.

Toyota Corolla Touring Sports 1

Комбито ја задржува ознаката Touring Sports, развиено е со посебен нагласок за европскиот пазар и исто како досега ќе се нуди и во изведба со хибриден погон. Повисоките нивоа на опрема располагаат со тридимензионална инструмент табла, проекциски дисплеј, аудиофилско озвучување и безжично полнење мобилен телефон.

Toyota Corolla Touring Sports 2

При меѓуоскино растојание од 2,70 метри, Toyota ветува за девет сантиметри повеќе простор меѓу предната и задната клупа, во споредба со претходникот Auris Touring Sports. Како придобивка од преоѓањето на платформата TNGA, тежиштето на возилото е значително пониско, што во пакет со уште неколку мери ќе придонесе за поголема динамика и за повеќе уживање во возење.

Toyota Corolla Touring Sports 3

Традицијата победува: Toyota Auris повторно е Toyota Corolla

Toyota Auris во Женева: Кој уште прашува за голф?

Дизел во иднина нема да работи под хаубата на Toyota

Претходна објаваШвајцарци ќе произведуваат електричен трицикл за низ град
Следна објаваПриколка за кампување што се претвора во јахта

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here