Skoda Kamiq ќе биде заводничката меѓу градските кросовери

Skoda Kamiq pretpremiera

Skoda Kamiq пристига како трет модел во СУВ-семејството на Чесите, како основа пред Karoq и Kodiaq. Со стилот ќе биде по малку поразлично. Најмалечкиот модел ќе биде најголемиот во поглед на дизајнот.

Производителите обично предизвикуваат огромна врева кога најавуваат трендовски кросовер во ценовно најдостапниот сегмент, прикажувајќи студија, која навистина сите ги остава без здив – или барем со насмевка. Но, кога автомобилот ќе се појави во серија, од спектакуларниот стил не останало ништо. Најмалечките кросовери кои се обраќаат на публиката што е најмногу гладна за стил, излегуват со најмалку стил. Ова огрдување има своја причина. Треба да се заштитат поголемите (и поскапи) модели.

Може ли Kamiq да предизвика одушевеност со стилот како што тоа уште му успева на Nissan Juke?

И повторно, Skoda. Чешката марка, која многупати досега се покажала како пионер, продолжува со улогата. Новата Skoda Kamiq го презема стилот на студијата X-Vision и дефинитивно настапува со еден од највпечатливите и најпрепознатливи стилови меѓу градските кросовери. Kamiq може да биде новиот Juke. Автомобилот за јавноста уште е достапен само преку скици и цртежи, но веќе е очигледно дека Чесите се горди на својот следен „K_q модел.

https://photos.app.goo.gl/iXYd5dkAbJ7XRANk9

Светлата дефинитивно се најпрепознатливиот детал, со изротирани места. Дневните диодни светла се тенки и издолжени, поставени над главните светла, а овие пак се маргинализирани и одвај забележиви. Уште еден препознатлив белег е широката маска со двојни ребра, какви што се типични за СУВ-моделтие на Skoda. Отстрана се забележуваат високата позиција на хаубата и спортската линија на каросеријата. Задните светла задолжително прикажуваат светлечка шема во форма на потковица, но и тие ќе бидат поразлични од останатите модели. По пример на Scala, моделското име ќе биде испишано со одвоени букви на задниот капак.

Премиерата на Skoda Kamiq е во почетокот на март, на салонот во Женева.

Оваа Skoda Octavia возеше пред 60 години

Skoda Kamiq им се придружува на T-Cross и Arona

Skoda Scala стартува со продажба во Германија: Почеток од 17.350 евра

Кој вели Skoda е (само) чешка марка?

Претходна објаваNissan го сели X-Trail од Англија во Јапонија
Следна објаваУште една гаражна мануфактура од островот најавува суперавтомобил

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here