Се комплетира триото од малечки СУВ-модели од трите „народски“ марки на Волфсбург. Skoda Kamiq е чешката варијанта на Seat Arona и VW T-Cross. Во Кина постои уште еден Kamiq, кој освен името нема друго заедничко со европскиот модел.
Во Skoda почна да снемува имиња за новите модели. Најмалечкиот СУВ-модел на Чесите, кој ја комплетира понудата на марката покрај Karoq и Kodiaq, ќе доживее премиера на салонот во Женева во март, како Skoda Kamiq. Тоа што името се чини познато, не е без причина. На кинескиот пазар од лани се продава СУВ-модел под истото име. Европскиот и кинескиот Kamiq се различни модели. „Нашиот“ користи модерна платформа MQB, додека Кинезите возат верзија што како основа ја користи PQ34, од Golf од шестата генерација.
Имињата на СУВ-моделите на Skoda почитуваат норма: Тие почнуваат на K и завршуваат на Q
Млада Болеслав првпат го соопштува името на новиот модел. Kamiq потекнува од јазикот на Инуитите, кои живеат на северот на Канада и на Гренланд. Зборот ја опишува состојбата, кога нешто одговара совршено, како втора кожа. Чешката марка дополнително си задава потешкотии при кумувањето на своите модели, затоа што според „нормата“, имињата на СУВ-моделите мора да почнуваат на K и да завршуваат на Q.

Во претходната фаза од најавувањето на малечкиот СУВ беше прикажана слика, која што потврди дека предните светла ќе бидат изведени во стилот на студијата Vision X, од ланскиот салон во Женева. Skoda Kamiq ќе двои во уличната слика, со тенките дневни светла кои се забележуваат прво.
Понудата од мотори е мошне извесно дека ќе ја сочинуваат познатите три- и четирицилиндарски мотори, со моќност меѓу 95 и 150 КС. Можно е во Kamiq да проработи и 1,5-литарскиот TSI со погон на метан, како во студијата од Женева. Во некоја следна фаза би можело да се очекува и хибридна варијанта, којашто воедно би овозможила и погон на сите тркала, со електромотор за задната оска.
Skoda Kamiq ќе биде позиционирана под Karoq, кој на нашиот пазар стартува од 18.115 евра.
Ова се најважните автомобилски новитети во 2019 година
Skoda Scala стартува со продажба во Германија: Почеток од 17.350 евра
Skoda најавува мини-кросовер за салонот во Женева
Тест: Skoda Fabia 1.0 TSI Ambition
















