Најпродаваниот автомобил во Норвешка вози на струја: Nissan Leaf

nissan leaf najprodavan norveska

Дали и во скандинавската земја-пример за електромобилноста е 2019 година, или таму календарот врви поинаку? Повеќе возачи во Норвешка се решаваат за електричниот Nissan Leaf отколку за автомобилите со обичен мотор.

Статистиката официјално потврди, дека лани во земјата се продале повеќе од 12.000 примероци од Nissan Leaf. Тоа, секако, не е случајност, туку се должи и на долгата и стратешка поддршка на чистиот погон од страна на властите.

Предводникот на електричниот погон што е достапен за поголем круг купувачи, постигнува шампионски продажби и во Велика Британија, кадешто Leaf можеби не е прв според вкупната продажба по модели, но затоа е прв меѓу моделите со погон на струја. Добрите резултати и во повеќето останати држави доведоа до тоа, Nissan Leaf да биде најпродаван електричен автомобил во Европа во 2018 година, со повеќе од 40.000 примероци.

Новата верзија на Nissan Leaf со батерија од 62 kWh и досег до 385 километри ќе биде нов мотор во продажбата

nissan leaf 3 zero limited editionПроизводителот неодамна доведе две нови моделски изведби во гамата на Nissan Leaf, што е своевидна потврда за големиот интерес на пазарот за овој модел. Едната е „супер-верзија“, со батерија од 62 kWh и досег до 385 километри, под ознаката Leaf e+ 3.Zero Limited Edition, додека другата верзија (Leaf 3.Zero) поседува стандардна батерија од 40 kWh, но се испорачува со повеќе опрема, вклучувајќи и навигација која подржува нови онлајн-услуги за мобилност.

Nissan Leaf ја потврди и лидерската позиција на глобално ниво, како најпродаван електричен автомобил досега, со повеќе од 380.000 продадени возила, откако првата генерација беше лансирана во 2010 година.

Снегот е само зимски украс за оваа лимузина на Nissan

Најпродаван во Јапонија е … Nissan Note, по малку електричен

Nissan Leaf во специјална серија со досег до 385 километри

Patrol беше првиот Nissan од Европа пред 35 години

Претходна објаваШведска завршува со продажба на бензинци и дизели во 2030 година
Следна објаваШто бара Porsche 550 Spyder среде музејот на Mercedes?

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here