Повеќе од 40 модели од 15 автомобилски марки лани излегувале од фабрика со гуми Bridgestone. Меѓу моделите фабрички се опремени со гуми Bridgestone се вбројува електричниот BMW i3s, но и ѕверки како Megane R.S. Trophy или Ferrari Portofino
Најголемиот производител на автомобилски пневматици и производи од гума во светот лани испорачувал вкупно 120 различни димензии на пневматици за автомобилските фабрики во регионот на ЕМЕА, односно Европа, Средниот Исток и Африка. Тоа се за околу една третина повеќе димензии отколку преклани. Гумите на Bridgestone се вградувале во над 40 различни модели од 15 автомобилски марки.
Како гуми од премиум сегментот, Bridgestone често се вградуваат фабрички во моделите на Mercedes, Porsche или Toyota. Многу поголем е обемот на вградување во моделите на Audi, Seat и Skoda на концернот VW, кадешто Bridgestone останува како стратешки партнер. Во Audi, конкретно, двојно е зголемен бројот на вградувани димензии на гуми од овој производител во последните пет години. Сличен е случајот со BMW и со оригиналното фабричко вградување во сериите 3 и 7, како и во X5, X7 и Z4.
Над 85% од ОЕМ-испораките се гуми со дијаметар од 17 инчи и повеќе
Уште неколку модели што излегуваат од фабрика со гуми на Bridgestone: BMW i3s, Toyota Corolla, Audi A6 Allroad, Opel Insignia, серијата 8 на BMW, Porsche Cayenne, Ferrari Portofino, Renault Mégane R.S. и R.S. Trophy. Порај ваквата палета од модели не изненадува што повеќе од 85 проценти од димензиите отпаѓаат на гуми со дијаметар од 17 инчи и нагоре.
https://twitter.com/BridgestoneEMEA/status/1082305886599766017
Тест на зимски гуми на клубот АДАК: Димензија 175/65 R14 T
Тест на зимски гуми на клубот АДАК: Димензија 205/55 R16 H
Michelin бара да се тестираат и истрошени гуми
АДАК Тест на гуми за сите сезони
















