Volvo ги остави колите „дома“ за салонот во Лос Анџелес

Volvo салон Лос Анџелес

Volvo ќе има важна светска премиера на салонот во Лос Анџелес. Шведскиот производител ќе настапува на салонот без ниту еден автомобил на штандот

Автомобилската сцена некогаш ќе му благодари за овој чин на шведскиот производител. Штандот на Volvo на салонот во Лос Анџелес ќе остане празен, комплетно без автомобил. Тоа се нема случено досега, што значи, тоа е светската премиера на Volvo за американскиот салон. Секако дека не станува збор за скапа шега заради привлекување внимание, туку за чекор преку кого што Volvo му покажува на светот дека навиките, стандардите, манирите на автомобилската сцена, се менуваат од корен.

Volvo салон Лос Анџелес 2

Тоа што Volvo ќе го прикаже ќе бидат соништа, визии. Нивниот автомобил од иднината треба да го замислиме. Стратезите на Volvo наведуваат во соопштението дека „автомобилите отсекогаш биле во средиштето уште откако постојат салоните, поставени на ротирачка платформа или покриени под свилен чаршав. Тоа се смени.

Идејата на Volvo е на корисниците „само“ да им се понуди автомобил во кого што тие ќе можат да ги користат услугите што им се неопходни во секојдневието

Публиката ќе се навикнува на овие промени, затоа што тие произлегуваат и од променетите навики и практики на публиката. Купувачите бараат денешните автомобили да им понудат многу повеќе од хром, кожа или коњски сили. Во средиштето на штандот на Volvo ќе се најдат токму посетителите на салонот, на местото кадешто досега се наоѓаа автомобилите. Таму ќе биде напишана едноставна, а изненадувачка порака: „Ова не е автомобил“.

Организаторите на салонот исто така ги прикажуваат промените, на тој начин што салонот не се води како „моторшоу“, туку како „Автомобилност ЛА“ (Automobility LA).

https://www.facebook.com/volvocars/videos/1893318707455776/

Посетителите ќе можат да погледнат интерактивни презентации на мобилните услуги на Volvo, како што се испорака на пратки директно во автомобил, заедница на корисници на автомобили, визија за автономно возење и „претплатнички модел“ за користење автомобил, по пример на договор за мобилен телефон.

Производителите на автомобили повеќе не настапуваат сами, туку здружено. Volvo денес практично ја рекламира соработката со Amazon, Google или Nvidia, како и со техно-компаниите Luminar и Zenuity.

До средината на следната деценија, половина од годишната продажба на Volvo ќе отпаѓа на „батериски“ електрични автомобили, една третина од возилата ќе бидат автономни, а компанијата ќе има воспоставено директна врска со преку 5 милиони корисници.

Премиум АГС е нов застапник на Volvo во Македонија

Од комби-мајстор до специјалист за СУВ: Volvo заведува со 90-60-40

Volvo сака роботските автомобили да ги заменат авионите

Споредбен тест меѓу Audi A6, BMW серија 5 и Volvo S90 на АУТО БИЛД

Претходна објаваАко Ford Kuga е многу, Focus Active е точно по мера
Следна објаваMercedes достигна една милијарда допаѓања на инстаграм

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here