Моделот со хибриден погон уште рано влегува во моделската понуда на новата серија 3 на BMW. Досегот на струја е удвоен на 60 km, моќноста порасна на 293 КС. BMW 330e стартува со продажба во следното лето
Струјата одамна е одомаќена во погонската спрега на BMW. Кусо по премиерата на моделите со класичен погон, Минхен веќе го најавува и моделот со хибриден погон, со истата бројка како во претходникот. BMW 330e комбинира дволитарски турбо-бензинец со 184 КС и електромотор со максимални 109 КС, кои заедно постигнуваат системска моќност од 252 КС и 420 њутнметри. Премиера има технологијата XtraBoost, којашто обезбедува екстра 41 КС при нагло забрзување.
Уште поважно од напредокот во моќноста е напредокот во досегот. Со 60 километри, новата хибридна тројка вози двојно подолго на струја отколку претходниот „330e“. Потрошувачката исто така е намалена за повеќе од 10 проценти. Според нормите, потрошувачката издесува 1,7 литар на сто километри, а емисијата на СО2 е 39 g/km.
Електромоторот обезбедува екстра 41 КС кога е вклучена спортската програма на BMW 330e – покрај редовните 109 КС
Спринтот до сто трае точно шест секунди, крајната брзина изнесува 230 km/h. Во хибриден режим, новиот модел може да постигне до 110 km/h при погон само на струја (+30 km/h од претходникот), додека во електричен модус се можни 140 km/h (+20 km/h). Нова гордост на баварските техничари е XtraBoost, којшто се активира во спортската програма на возење. Ефектот се дополнителни 41 КС од електромоторот, коишто се постигнуваат краткотрајно, но доволно долго за престигнување или за џентлменски старт.
Кога е активен „бустот“, во кабината се пренесува и соодветно поспортски звук од погонот. Како што налагаат нормите, новиот 330e произведува и посебен звук при возење во град, за пешаците и велосипедистите да бидат свесни за присуството на инаку нечујниот автомобил, додека тој вози на струја.
Електромоторот е вграден во 8-степениот автоматик, заради заштеда на простор. Мајсторија на техничарите е тоа што менувачот е само 15 милиметри подолг отколку во верзиите со обичен погон. Како што е вообичаено, електромоторот дејствува како генератор при одземање гас и запирање, полнејќи ја батеријата. Од литиум-јон тип, таа има капацитет од 12 kWh и секако дека се полни и на обична ѕидна кутија за струја или на посебен полнач.
Батеријата е вградена под задните седишта, додека резервоарот за гориво е поставен над задната оска. На тој начин повеќе се сочувува големината на багажникот: Неговито стандарден волумен изнесува 375 литри.
M Sport со нагласено спортско подвозје и спортски сопирачки е достапно и за хибридната тројка
Исто како моделите со класичен погон, BMW 330e може да се нарача во основната варијанта, или како Advantage, Sport Line, Luxury Line или M Sport. Стандардната опрема на хибридната тројка опфаќа греење и климатизација на кабината додека возилото мирува во место – благодарение на батеријата.
Продажбата стартува следното лето, заедно со неколку нови дигитални услуги од BMW. При користење јавен полнач, навигацијата дава информации за блиските хотели, ресторани, кафулиња и знаменитости. Возачот претходно добива информација дали најблискиот полнач е слободен за користење. Во спротивно, следи информација кога се очекува да заврши полнењето на веќе приклучениот автомобил.
[FAG id=35323]
Новиот BMW X5 стартува со продажба во Македонија
BMW продаде над 300.000 хибриди и електромобили
Шеста генерациска смена за серијата 3 на BMW
Луксуз е да возиш хибриден BMW што заштедува 1000 евра годишно

















