Американската премиум марка Cadillac доаѓа во Европа да ги убеди купувачите на кокпактните СУВ-модели дека нивниот XT4 е подобар избор. Продажбата стартува во 2020 година, цените ‘ќе стартуваат од 35.000 евра
Со новиот XT4, Cadillac за првпат во својата историја има СУВ-модел од компакт класата. Теренецот со каросерија долга 4,6 метри ќе настапува како конкурент на Audi Q3, BMW X1 и Mercedes GLA. Неговата продажба штотуку стартува на домашниот пазар, а од оваа страна на големата бара се очекува да пристигне дури во почетокот на следната година.
Основната моделска изведба ќе чини околу 35.000 евра, опремена стандардно со деветстепен автоматски менувач и интелигентен погон на сите тркала. Понудата од погонски единици во Европа се сведува на дволитарски турбо-бензинец со 240 КС и исто така дволитарски дизел, со моќност од 200 КС.
Перформансите и вредностите на потрошувачката уште не се објавени за моделските изведби што ќе се нудат на европскиот пазар. Тоа што со сигурност може да се очекува кај Cadillac е изобилство од опрема уште во основното ниво на опрема. Целосно диодни светла се стандард, исто како и климатизација на предните седишта, проекциски дисплеј и неколку системи за асистенција.
https://youtu.be/ivU9CW1pWY8
Градовите во САД сами се изборуваат за возила со почист издув
Швајцарија ќе ги шири улиците поради многуте СУВ-ови
Трамп цени дека штедливите автомобили се штетни по здравјето
Вака Американците оценија 31 автомобилска марка според квалитетот
[FAG id=36018]


















