Cadillac со две премиери во Франкфурт

Cadillac планира да биде поприсутен на европскиот пазар и на салонот во Франкфурт ќе има две премиери: Концептот Elmiraj и лимузината од вишата класа CTS

Купето Elmiraj е долго 5,21 метри и користи подвозје и платформа од модел што е планиран за скоро време да влезе во сериско производство. Моторот е 4,5-литарски V8 со двојно турбонатполнење и 500 КС. Посебно обележје во кокпитот е транспарентната табла со инструменти, зад која што се наоѓа дисплеј со приказ од камерата вградена во носот на возилото.

cadillac 5
[one_half]cadillac 4[/one_half]
[one_half_last]cadillac 3[/one_half_last]

Комплетно новата генерација на моделот CTS ги следи стапките на помалиот ATS, со распределба на тежината меѓу оските во сооднос 50:50, што сведочи дека инженерите се посветиле на динамиката во возењето. Приспособливата амортизација Magnetic Ride Control е во стандардната техничка опрема на конкурентот на Audi A6 и серијата 5 на BMW. Возачот може да ја избира возната динамика, односно да се реши за една од четирите програми – туринг, спорт мраз или снег.

cadillac 2

Лимузината е опремена со мултимедискиот систем Cadillac User Experience (CUE) со екран на допир со големина од 8 инчи. Со помош на сензори на движење CUE има функционалност слична на таблет и ги препознава гестовите со прстите. Дополнителен дисплеј од 5,7 инчи во таблата со инструменти служи за ракување со функциите на радиото, телефонот и навигацијата.

cadillac 1

Претходна објаваПродажбата на возила во Западна Европа расте повторно
Следна објаваИсторија: 50 години на Volvo 1800 S

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here