Брисел одобри 600 милиони евра за PSA Peugeot Citroen

Европската Комисија ја одобри предвидената државна дотација во висина од 571,9 милиони евра за концернот PSA. Брисел ги дава парите за Французите да се реструктуираат и да ја повратат рентабилноста.

Дотацијата следува во форма на државна гаранција за заемот за Banque PSA Finance со износ на капитал од седум милијарди евра до 31.12.2016, како и за инвестиција во развојот на хибриден погон, за кого Французите добиваат 89,5 милиони евра. Трошоците за рефинансирање што се смалуваат на овој начин, треба да и овозможат на банката на PSA да ја поврати рентабилноста на групацијата, но парите не смеат да се искористуваат за да им се понудат поповолни кредити на купувачите, што би претставувало повреда на правилата за конкурентност.

Претходна објаваСтартува втората етапа на Платнер: 2700 километри со 100 евра за гориво
Следна објаваЕлектричниот Land Rover Defender вози за 2 фунти дневно

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here