Колку патници собира во Honda Civic?

колку патници собира во Honda Civic

Сигурносна камера снимила вообичаен судир во градски сообраќај. Невообичаено е тоа што следи по судирот. Од автомобилот излегува речиси цел фудбалски тим и се задава во бегство по незгодата.

Сигурносна камера што надгледува улица во британскиот Лисестер снимила необична сцена. Honda Civic налетува во Audi коешто запира на семафор. Вратите на Civic се отвораат и однатре не престануваат да излегуваат патници. Вкупно осуммина, заедно со возачот. По кусо време, возачот се враќа да провери дали нешто заборавил. Го отвора багажникот и оттаму излегува уште еден. Значи, вкупно деветмина.

Најразлични се претпоставките зошто овој за малку нецелосен фудбалски тим се задава во бегство. Во коментарите се спомнуваат имигранти, автомобилот е украден… Возачот на белото Audi повикува полиција, Honda завршува качена на шлеп-служба. Повредени нема, истрагата е во тек.

Претходна објаваTesla Model 3 буквално растура: По 2.000 нарачки секој ден
Следна објаваСо автомобилот право во вода – и тоа е сосем разумно

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here