Volkswagen ги орасположува акционерите со 2900 колбаси и 12000 переци

На годишното акционерско собрание на Volkswagen во Хановер мириса на колбаси. Покрај 2900 парчиња од прочуениот кари-колбас од сопствено производство, за задоволување на апетитот на сопствениците на удели во големиот концерн се обезбедени и 4.500 бујон-виршли и 1.100 крашки колбаси.

Главна тема на годишното акционерско собрание на концернот Volkswagen во Хановер не се само последниците од дизел-скандалот, туку и колбасите. Прочуениот кари-колбас од сопствено производство на Volkswagen е извесно дека во голем дел ќе придонесе да се разбијат грижите на сопствениците на удели во германскиот концерн по последиците од дизел-аферата.

На колбасот што и официјално се наоѓа на списокот на резервни делови на концернот и достапен е во редовна продажба во супермаркетите во регионот, му припаѓа централното место во менито за собранието. За задоволување на апетитот на акционерите се обезбедени 2.900 кари-колбаси од сопствената месарница на производителот на автомобили. Покрај милиони возила, Volkswagen секоја година произведува и милиони парчиња од кари-колбасот.

https://www.facebook.com/vwcurrybockwurst/photos/a.1190370787649009.1073741828.691942174158542/1547617495257668/?type=3

На акционерите им се послужени и 4.500 бујон-виршли, коишто се водат како локален специјалитет и се среќаваат уште под името хановерски колбаси, 1.100 крашки-колбаси, 12.000 переци подготвени во натронска киселина, како и 5.600 литри освежителни пијалоци и 3.400 литри кафе. Сето тоа треба да е доволно за присутните во халата со 3.000 места.

Импресивни се и бројките околу организацијата за важниот собир. Во Хановер се довезени 140 камионски товари, девет денови се работи на поставувањето на халата и уште четири денови на расклопувањето. За вмрежување и напојување на компјутерската техника се поставени 10.000 метри бакарни и оптички кабли, за осветлувањето уште 48.000 метри кабли, за главно напојување со струја 5.500 метри кабел, 1.730 рефлектори и 125 стационарни дисплеи.

vwakcsob 00001

vwakcsob 00002

Претходна објаваСкапоцена алка на рака место клуч в џеб: Фирма од Лондон со „генијална“ идеја
Следна објаваPorsche 911 стана милионер: Јубилеј на спортската икона

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here