Skoda лани ја зголемила заработката за една третина

Лани беше уште една рекордна година за Skoda. Чешката марка го зголемила прометот за 9,8 проценти, на 13,7 милијарди евра. Постигнатиот оперативен резултат на чешкиот производител изнесува 1,197 милијарда евра или за 30,8 проценти повеќе отколку во 2015 година. Чистата заработка на Skoda за лани изнесува 951 милиони евра, што е за повеќе од една третина над прекланскиот профит.

Посестринската марка на Volkswagen во минатата година продала 71.000 возила повеќе и вкупно им испорачала 1.126.500 возила на своите клиенти (+6,7%). Рекордни вредности во продажбата се постигнати на повеќето клучни пазари: Кина (317.000 возила), Германија (165.200), Велика Британија (80.300) и Полска (56.200 возила). Во Турција (28.900), Франција (23.000) и Израел (20.400 возила) исто така се постигнати историски највисоки вредности во продажбата.

Почетокот на годинава носи нови рекорди. Во првите два месеци се испорачани 174.900 возила или за 2,7 проценти повеќе отколку во истиот период лани. Вкупно 17 моделски премиери се предвидени за годинава, осум веќе се претставени на салонот во Женева.

Претходна објаваJaguar Land Rover регистрираше 29 нови моделски ознаки
Следна објаваЕлектромобил од 16.000 евра претставен на Cebit

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here