Renault ги престигна Peugeot и Citroen во светската продажба

Renault лани ја зголеми продажбата за тринаесет проценти, меѓу другото и со одличната продажба во Иран. Групацијата PSA Peugeot Citroen исто така постигна пораст во продажбата, но заостана зад домашниот ривал.

Групацијата Renault во минатата година продаде 3,18 милиони возила на глобално ниво. Никогаш во историјата Renault нема продадено повеќе возила. Порастот во продажбата изнесува над тринаесет проценти.

Renault може да биде сосема задоволен од продажбата на европскиот пазар, кадешто од двете марки на групацијата се продадоа 1,8 милион возила или за 11,8% повеќе отколку преклани. Секое десетто новопродадено возило на европскиот пазар е од марките Renault и Dacia. Французите се на второто место, веднаш зад Volkswagen. Најголем единечен пазар е Франција со над 650.000 возила, потоа следи германскиот пазар со близу 200.000 возила.

Поттик даде и иранскиот пазар, со близу 110.000 продадени возила или двојно повеќе отколку во 2015 година. Вториот француски производител, групацијата PSA, лани исто така забележа пораст во продажбата, со 3,15 милиони возила од марките Peugeot, Citroen и DS. Тоа е најдобра продажба за групацијата од 2010 година. Renault пред една година заостануваше зад PSA, годинава се сменија местата.

Трета марка во групацијата e Renault Samsung Motors, којашто со вкупно 110.000 продадени возила на азискиот пазар забележа пораст од близу 40 проценти.

Продажба на најголемите пазари за групацијата Renault
(Renault, Dacia, Renault Samsung Motors)

    Продажба 2016
1 Франција 651,778
2 Германија 198,609
3 Италија 190,610
4 Шпанија 170,272
5 Турција 169,236
6 Бразил 149,977
7 Велика Британија 138,642
8 Индија 132,235
9 Русија 117,227
10 Јужна Кореја 111,087
11 Иран 108,536
12 Аргентина 99,097
13 Белгија и Луксембург 92,247
14 Мароко 61,726
15 Алжир 61,249

 

Претходна објаваОвие суперспортски автомобили имаат помалку КС од Mercedes-AMG E 63 S
Следна објаваСо Lexus LS стартува новото сметање на времето во премиум сегментот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here