Ова е (сепак) најбрзиот електричен автомобил во светот: Enfield 8000

Бројни производители деновиве тврдат дека нивните електрични автомобили се најбрзи и најмоќни во светот, но факт е дека титулата му припаѓа на еден неугледен автомобил од 1974 година, којшто е „малку“ преработен и забрзува до близу 200 километри на час за помалку од десет секунди. И покрај тоа, овој Enfield 8000 во поштарска боја смее да се вози во нормален сообраќај.

Додека не се појават на улица, ниту штотуку претставениот хиперелектромобил Faraday Future FF 91, ниту NextEV Nio EP9, не можат да докажат дека се најбрзите електрични автомобили во светот. Тоа засега му успева на еден малечок автомобил, произведен во 1974 година и неодамна преработен, којшто на тркачката патека Санта Под извозе 400 метри за само 9,86 секунди, постигнувајќи крајна брзина од 195 километри на час. Овој Enfield 8000, за разлика од неговите соперници, веќе носи регистерски таблички и смее да се вози во редовен сообраќај.

Enfield 8000

Двата електромотора испорачуваат 810 КС и вртежен момент од 1.627 њутнметри. Со овие вредности достојни за суперспортските автомобили, Enfield 8000 сепак може да се вози најкомотно во градското секојдневие. Сопственик на возилото е Џон Смит, презентер во шоуто „Fifth Gear“, којшто го преработе оригиналниот Enfield со цел на публиката да ѝ докаже дека има погрешна претстава за електричните возила. Фабрички вградениот електромотор располагаше со моќност од 8 КС и го забрзуваше возилото до 65 километри на час.

Enfield 8000

На трките на 400 метри, поштенски жолтиот електромобил се појавува како „Flux Capacitor“, во чест на времепловниот Delorean во „Назад во иднината“. Џон го пронајде возилото во запуштена состојба во 2012 година, со траги од поплава. Електромоторите сега располагаат со по 2.000 ампери, место 150-те ампери на оригиналниот Enfield, a енергијата се акумулира во 188 литиум-јонски батерии, коишто потекнуваат од воен хеликоптер – коишто не тежат ниту половина од оригиналните 12-волтни акумулатори. Крајната брзина се проценува на 225 km/h, а досегот изнесува околу 80 километри.

Enfield 8000

Алуминиумската школка е задржана од автомобилот од 1974 година, но затоа рамката од челични цевки претрпе значајни преправки соодветно на енормната моќ. Комплетно се сменети сопирачките и суспензијата, оригиналната задна оска од Reliant е заменета со оска од Ford. Менувачка кутија не постои, електромоторот директно ги задвижува задните тркала.

Enfield 8000

Фабриката за мотоцикли и оружје Enfield го произведуваше електричниот „8000“ на британскиот остров Вајт меѓу 1973 и 1976 година, како решение за мобилност во времето на нафтената криза. Помал од Mini и двојно поскап од него, електромобилот се произведе во 120 примероци, од кои половината се користеа како тест-возила во компании за електродистрибуција.

И секако, видеото!

Претходна објаваКалифорнија ќе ги запленува автономните такси-возила на Uber
Следна објаваToyota ќе довезе 45 автомобили за штандот во Детроит

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here