Audi го најавува идниот Q8 преку концептен автомобил во Детроит

На салонот во Детроит во јануари, Audi ќе го прикаже концептниот автомобил Q8 како најава за идниот сериски модел што ќе ја круниса понудата на теренци на марката од Инголштат. Во дизајнот се забележуваат детали од првиот quattro од 1980-те, но и значајни промени во споредба со актуелниот изглед на моделите на Audi.

Audi ќе го искористи салонот во Детроит (8-ми до 22-ри јануари 2017) како бина за претставување на новиот теренец Q8. Автомобилот официјално се води како концепт, но верно го прикажува изгледот на идниот луксузен теренец, позициониран над актуелниот Q7. Развојот на моделот е раководен според идејата да се понуди емотивен изглед на купе од високата класа во спој со просторност и функционалност на теренски автомобил.

Главниот дизајнер Марк Лихте го цени Audi Q8 Concept како „нов знаменосец на серијата модели Q, со дизајн кој соединува спортска нота и престиж на високо ниво.“ Според креаторот на новиот дизајнерски говор на Audi, големиот теренец нуди просторна кабина и четири удобни седишта и покрај спуштената линија ја покривот.

Audi Q8 concept

Највпечатлив е предниот дел од возилото. Осумаголната маска, којашто симболично има исто толку агли колку стоп-знакот, во идниот Q8 ќе биде уште поширока и помасивна отколку кај постоечките сериски модели на Audi. Покрај тоа, маската е извлечена нанапред и изгледа како да е леена од едно парче. Бројни елементи во стилот се повикуваат на прамоделот quattro од 1980-те години, особено легнатиот и мошне широк заден столб и издадените крила. Со вакви пропорции се нагласува дека погонот е на предната и на задната оска – типично за quattro и верно на ветувањата на дизајнерот.

Продажниот старт на конкурентот на BMW X6 и Mercedes GLE Coupe може да се очекува во 2018 година, по што ќе следуваат и спортските изведби во режија на Audi Sport, исто како и хибридна верзија.

Претходна објаваЕвропскиот пазар на автомобили со најголем пораст по 2007 година
Следна објаваПортугалија ќе ја добие гигафабриката за батерии на Tesla?

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here