Tesla најави изградба на фабрика за батерии на европска територија. Португалија смета дека има одлични шанси да биде избрана како локација за европската гигафабрика. Таа е шести најголем производител на литиум во светот, а покрај тоа и работната рака е поевтина отколку во останатите европски земји.
Португалија сака да биде избрана како локација за европската фабрика за батерии на Tesla. Отворањето на фабриката ќе значи 17.000 нови директни и индиректни вработувања, како и инвестиција од околу пет милијарди евра. Повеќе држави досега се вклучија во трката, меѓу кои Шпанија, Франција и Холандија, иако засега не е потврдена големината на фабриката, ниту пак што таа ќе произведува.
Кога Volkswagen и Ford пристигнаа во Португалија пред 25 години, за производство на заедничките ванови Sharan и Galaxy, државата им овозможи бесплатно користење на инфраструктурата, долгогодишно ослободување од данок, но и солидна субвенција од ЕУ.
Португалија сепак има големи шанси да ја добие фабриката на Tesla. Квалитетот на добавувачите е на европско ниво, а работната рака е значително поевтина отколку во останатите европски држави. Земјата располага и со модерни пристаништа за транспорт на производите, но многу е поважно тоа што Португалија е шести најголем производител на литиум во светот, како основна суровина за производство на батерии.
Калифорнискиот производител на електрични автомобили ќе решава в година околу изборот на локацијата за фабриката. Првата гигафабрика за производство на батерии за електрични автомобили е во изградба во американската сојузна држава Невада.
Најголеми производители на литиум во светот
Држава | Количина во мегатони | |
1 | Австралија | 13.400 |
2 | Чиле | 12.900 |
3 | Аргентина | 3.800 |
4 | Кина | 2.200 |
5 | Зимбабве | 900 |
6 | Португалија | 300 |
7 | Бразил | 160 |
8 | САД | – |