Зимска идила во автомобилскиот град на Volkswagen

Во следните шест недели „Аутоштат“ или автомобилскиот град на Volkswagen подготвува пријатни зимски изненадувања за посетителите. На располагање стои лизгалиште со површина од 6.000 метри квадратни, снежен свет за најмладите, лизгачки ревии со професионални лизгачи од цел свет, па дури и игралиште за традиционалниот „ајсшток“.

Шест недели исполнети со зимски изненадувања во режија на Volkswagen. Од 25-ти ноември до 8-ми јануари, парковите и лагуните во „автомобилскиот град“ во Волфсбург се претвораат во идиличен зимски свет. На посетителите им стојат на располагање лизгалиште со површина од 6.000 метри квадратни, зимски пазар и голем отворен камин, снежен свет за децата, а како новитет годинава се одржуваат и 15-минутни ревии на мраз, со 22 професионални лизгачи од светски ранг, кои четирипати дневно изведуваат различни кореографски претстави.

Зимска идила во автомобилскиот град на Volkswagen 6

На Северот на Германија е популарен „ајсшток“, еден вид куглање на мраз, кој секако дека е застапен во овој забавен центар на производителот на автомобили. Најмладите посетители можат да испечат божикни колачи во мануфактурата за кекс и да ги понесат дома.

Зимските специјалитети не недостигаат во автомобилскиот град

За спектакуларната атмосфера придонесуваат осветлениот карусел и најразновидни светлосни ефекти, 25-те декорирани дрвени бутки, како и бројните ресторани на Mövenpick, со зимски специјалитети, како печење на ражен, оригинални виенски палачинки или вегански чорби за загревање.

Од отворањето во 2000-та година, Аутоштат има пречекано над 34 милиони гости, со што се вбројува меѓу најпопуларните туристички дестинации во Германија. Покрај тоа, „автомобилскиот град“ е најголем центар во светот за директна испорака на нови возила, а вклучува и автомобилски музеј за сите марки од концернот.

[FAG id=26451]

Претходна објаваСупербајк од тридимензионален печатар
Следна објаваBAC Mono е најдобар автомобил за „себични недели“ според Top Gear

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here