Mini подготвува вистинска теренска изведба од новиот Countryman

Според британските медиуми, марката Mini планира штотуку претставената втора генерација на Countryman да ја понуди и во изведба што ќе биде способна за потежок терен. Идејата се вклопува совршено со настапот на британската марка на релито Дакар.

Само неколку денови по претставувањето на новата генерација на Countryman, британскиот магазин Autocar јавува дека Mini е веќе во напредна фаза со развојот на верзија од моделот што повеќе ќе биде наменета за љубителите на вистинското теренско возење. За таа цел, Countryman ќе располага со зголемено растојание од подлогата, заштитни плочи под предната и задната оска, како и дополнителни светла, нов дизајн на бандажите и сменета форма на браниците, за аглите на пристап соодветно да се зголемат.

Платформата на последниот модел на Mini потекнува од серијата 2 на BMW, односно од BMW X1. Како што наведува магазинот, при неодамнешното тест возење на патека во јужна Франција, германската сестра на Countryman покажала изненадувачки добри резултати.

Претходна објаваAudi ја зголеми продажбата за 4% и заработе над две милијарди евра
Следна објаваMercedes гради втора фабрика за батерии

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here