За својот ценет јангтајмер BMW M3 од првата генерација да го заштити од разорниот ураган Метју, овој Американец го сместил автомобилот среде домот.
Додека ураганот Метју постошеше сé пред себе, овој Американец не можеше тукутака да го остави својот автомобил на разорното дејство на влажната маса. Кога невремето почнало да се движи кон Флорида, извесен Ренди Џалил од Порт Сент Луси решил својот BMW M3 од првата генерација да го заштити и го паркирал автомобилот буквално среде дневната соба, додека мине невремето. Фотографиите од хармоничниот соживот на човекот и автомобилот се најдоа на профилот на Џалил на инстаграм.
https://www.instagram.com/p/BLWCY95BoyL/?taken-by=jalilsup
Џалил го поседува автомобилот околу осум години и добро знае дека вредноста допрва ќе расте уште подрастично. Тоа што Џалил го направил е практично заштита на вредноста на M3 од генерацијата E30. Американецот наведува на својот профил дека секојдневно го вози вредниот германски јангтајмер и планира тоа да го прави и во следните години.
















