Mercedes првпат продаде над 200.000 возила за еден месец

Во септември се продадоа 211.286 возила од Mercedes, што е месечен рекорд во историјата на марката. Рекорден беше и целиот квартал. Најголем поттик за продажбата пристига од теренците на Mercedes, како и од новата E-Class.

На Mercedes му успеа хет-трик. За септември, за третиот квартал и за првите девет месеци од оваа година, марката од Штутгарт постигна три историски рекорди. Во септември се продадоа 211.286 возила од Mercedes, што е за 12 проценти повеќе од ланскиот месец, во периодот од јули до септември се продадоа 531.302 возила, додека бројката сметано од почетокот на годинава веќе надминува 1,5 милион возила (+11,7%). Mercedes е водечка престижна марка во Германија, Франција, Шпанија, Португалија, Швајцарија, Јапонија, Тајван, САД, Канада и Мексико.

Во минатиот месец стартуваше продажбата на комби-изведбата од E-Class, на продолжената верзија од E-Class, на кабриолетот од C-Class, како и на GLC Coupe. Пазарот реагира одлично на новата E-Class, со 27.955 продадени примероци во септември или за една петина повеќе отколку во истиот месец лани. Стартуваше и продажбата на плагин-хибридот E 350 e, којшто е седми модел со штедливиот погон во понудата на Mercedes.

Теренците за само девет месеци ја достигнаа целата ланска продажба

Теренците во септември достигнаа продажба од 68.197 примероци (+26,8%), односно 520.321 возило од почетокот на годинава. Со фантастичен пораст од +42,2%, теренците за само девет месеци ја достигнаа целата ланска продажба. Mercedes ги нарекува своите теренци „славната седморка“: GLA, GLC, GLE, GLE Coupе, GLS, G-Class и GLC Coupе.

Одлични бројки постигнаа и „Dream Cars“, автомобилите од соништата. За еден месец, Mercedes продаде над 15.000 примероци од своите купеа, родстери и кабриолети. Последното освежување во понудата го носи C-Class Cabrio.

Продажба на Mercedes-Benz Cars

септември 2016 промена во % до септември 2016 промена во %
Mercedes-Benz 211.286 +12,1 1.537.921 +11,7
smart 13.987 +36,5 105.695 +20,1
Mercedes-Benz Cars 225.273 +13,4 1.643.616 +12,2
         
Продажба на Mercedes-Benz по региони / пазари        
Европа 98.877 +15,0 669.257 +12,7
– Германија 27.640 +17,1 218.469 +8,6
 Азија / Пацифик 72.670 +15,9 537.755 +20,5
– Јапонија 8.323 +4,5 50.240 +1,5
– Кина 46.443 +20,1 344.791 +29,5
НАФТА 34.488 +2,9 290.218 +1,2
– САД 29.500 +1,7 249.204 -0,3

 

Претходна објаваНеколку заблуди и факти за сопирачките на автомобилите
Следна објаваAudi R8 Spyder стартува со продажба во ноември

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here