Париз 2016: Лимузинскиот Audi RS3 прво за Кина и САД, потоа во Европа

Лимузинскиот Audi RS3 стартува со продажба следната година

Европа последна ќе ја добие лимузинската изведба од екстремниот спортист Audi RS3. Први на ред се Кина и САД. Чекањето ќе вреди. RS3 отсега вози со 400 КС, што е 33 КС повеќе од претходно и доволно е компактната лимузина да достигне крајна брзина од 280 километри на час.

Audi ја претстави лимузинската изведба RS3 како најдинамичен модел во серијата А3. Моторот со зафатнина од 2,5 литри располага со 400 КС, што значи дека има 33 КС повеќе отколку во последното „билдање“, но значи и дека 2,5 TFSI е најсилниот петцилиндарски мотор што во моментов се нуди на пазарот. Вртежниот момент од 480 њутнметри се испорачува „рамно“ во подрачјето меѓу 1.700 и 5.850 вртежи.

Спринтот до сто трае 4,1 секунди, а по барање на клиентот, Audi може да го отстрани електронскиот лимит на 250 km/h и да го ослободи RS 3 до крајна брзина од 280 километри на час. Новитет меѓу системите за асистенција е приспособливиот темпомат, којшто самостојно запира и забрзува при следење на колоната во застој до брзини од 65 километри на час, а сега може да изврши и мали корекции на правецот место возачот.

Европа сепак ќе мора да се стрпи неодредено време додека го добие овој тркач во цивилна каросерија. Моделот со подвозје спуштено за 25 милиметри и погон Quattro од следното лето ќе почне со продажба прво на пазарите во САД и Кина, под логото на Audi Sport.

[FAG id=25634]

Претходна објаваПариз 2016: Две турбини во замена за четири цилиндри во Ferrari GTC4Lusso T
Следна објаваПариз 2016: Seat Ateca може да добие и екстремна теренска изведба

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here