Audi го произведе двестотиот примерок од R8 LMS

Во Audi се прославува 200-от произведен примерок од R8 LMS. Марката со четирите прстени уште од 2009 година испорачува тркачки возила за приватни тимови во шампионатот GT3.

Повеќе од 900 метри е долга колоната доколку сите досега произведени 200 примероци од Audi R8 LMS се наредат едно зад друго. Audi quattro GmbH испорача 136 примероци од првата генерација на тркачкиот R8 и 64 примероци од наследникот што пристигна лани. Овој успех на тркачкиот болид во шампионатот GT3 го подржуваат 28-те шампионски титули, 34 титули во класа, девет победи на 24-часовни маратони и четири победи на 12-часовни трки.

Јубилејниот примерок од R8 LMS е изработен во Некарсулм и ќе биде во сопственост на тимот Montaplast by Land-Motorsport. Одделението на Audi за изработка на болиди за приватни тркачки тимови освен ги опслужува и клиентите во Австралија, Јапонија, Кина и Северна Америка и преку овие филијали е достапно практично низ целиот свет.

Шасијата на Audi R8 LMS се изработува во „Белингер Хофе“, на истите производствени ленти за серискиот модел Audi R8. Во тркачкиот болид се користат 50 проценти од деловите и конструкциските групи на серискиот модел, со мотор V10 кој има претрпено само незначителни модификации за тркачкиот R8.

Претходна објаваLand Rover развива автопилот за теренско возење
Следна објаваBentley Bentayga во специјално издание за риболовци

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here