Дронот на Nissan побрз од GT-R: Спринт до сто за 1,3 секунда

Дроновите се мошне корисни за овековечување на најразлични автомобилски потфати. Проблем е кога треба да се следи брз, многу брз автомобил. GT-R на пример. Nissan мораше да направи соодветно брз дрон.

Nissan го создаде GT-R Drone, еден од најбрзите тркачки дронови во моментов, наменет за снимање на промотивните клипови за новиот GT-R. Во изработката на дронот беа ангажирани светските шампиони Tornado XBlades Racing, кои со неколку модификации обезбедија GT-R Drone да забрзува до сто за само 1,3 секунда. За демонстрирање на талентите на своите два „најбрзи“ модели, Nissan ги пушти во предизвик по тркачката патека Силвестоун.

Наспроти 3,8-литарскиот V6 со битурбо натполнење и погонот на сите тркала во Nissan GT-R, дронот располага со четири мотори Xnova од по 2.000 kV и рамка со тркачка спефицикација од Sky-Hero. Зад воланот на GT-R се најде Рикардо Санчез, возат на Nismo, додека со GT-R Drone управуваше Џејмс Баулс, актуелен британски шампион во трки со дронови.

Новиот GT-R е најдрастична модификација на генерацијата R35 откако таа беше претставена премиерно во 2007 година. За разлика од дронот, аеродинамиката на GT-R применува зафати за автомобилот поцврсто да се држи на патот.

Снимката покажува јасно дека дронот е супериорен во забрзувањето, но за кусо време „тркалата“ ги престигнуваат „роторите“, со 315 km/h за автомобилот, наспроти 185 km/h за дронот. Затоа пак, дронот има неспоредлива агилност и може да заврти во круг од само 30 сантиметри.

  GT-R GT-R Drone
Крајна брзина [km/h] 315 185
Должина [mm] 4710 300
Ширина [mm] 1895 300
Висина [mm] 1370 65
Тежина [kg] 1752 0,7
Погон V6 битурбо батерии од 1400 mAh
Круг на вртење [m] 12,2 0,3
Вртежен момент / Потисок 637 Nm 4,68 kg

Претходна објаваPeugeot ќе го освојува иранскиот пазар со инвестиција од 400 милиони евра
Следна објаваAston Martin ќе изработи 99 примероци од Vanquish Zagato