Honda Africa Twin ќе биде ѕвезда во новиот серијал на National Geographic

На 18-ти јуни стартува новиот серијал на National Geographic посветен на рутата низ Мароко по којашто се возеше некогашното рели Париз-Дакар. Honda Africa Twin ќе биде постојан придружник на оваа единствена авантура.

Honda Africa Twin ќе биде еден од главните носители на возбудата од патешествието низ Мароко, по рутата по којашто низ оваа мистична африканска земја се возеше некогашното рели Париз-Дакар. Првата епизода од новиот серијал на National Geiographic под наслов „Riding Morocco: Chasing the Dakar“ ќе се емитува на балканските простори на 18-ти јуни, со почеток во 20:55 часот и репризно емитување три часови подоцна.

Австралиската моделка Лаура Сортан ќе биде придружувана од искусниот рели возач Кристоф Бариер-Варжу, обајцата на Honda CRF1000L Africa Twin. На ова возбудливо патување, тие ќе ги доживеат прекасните долини и бескрајните панорами, притоа стекнувајќи нови пријателства меѓу мештаните. Продуцентите ветуваат неповторлива мотоциклистичка тура за публиката.

http://youtu.be/GGgxb0RwdrA

Кристоф ќе ги сподели своите големи познавања и ќе го демонстрира теренското возење, како поранешен учесник на релито Париз-Дакар, додека Лаура ќе ја вози верзијата на Africa Twin опремена со менувач со двојна спојка DCT, со што дамата ќе биде поштедена од ракување со спојката во пробивањето низ континентот полн со предизвици. Меѓу другото, убавицата првпат во својот живот се соочува со теренско возење мотоцикл.

Претходна објаваКрис Амон за победата со Ford GT40 на Леман пред 40 години
Следна објаваДва специјални примерока од McLaren P1 GTR за фестивалот во Гудвуд

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here