Електричен Mercedes за полицијата во Саксонија

Полицијата во германската покраина Саксонија доби две дузини Mercedes B-Class со погон на струја. Тоа не се единствените електрични возила во возниот парк на германските чувари на редот.

Полицијата на Саксонија веќе вози во иднината, со 24-те примероци Mercedes B250e коишто од денес се во служба на чуварите на редот и мирот во оваа германска покраина. Покрај овие две дузини автомобили со погон на струја од Mercedes, во возниот парк пристигнаа и 20 возила со електричен погон од Renault.

Mercedes-Benz B-Class Electric Drive или кусо B250e располага со електромотор со моќност од 132 киловати, односно 180 КС. Максималниот вртежен момент од 340 њутнметри се испорачуваат уште од првиот метар, со што електричниот B-Class е способен да забрза до 100 km/h за само 7,9 секунди. Крајната брзина е ограничена на 160 километри на час, заради спречување на пребрзо празнење на батериите.

Досегот од 200 километри е повеќе од доволен за вообичаената дневна тура на полицијата. Дополнително се нуди Range Plus, со когошто досегот се зголемува за уште 30 километри. Mercedes гарантира дека батериите ќе функционираат беспрекорно осум години по испораката или до 100.000 километри.

Покрај зачувувањето на животната средина, електричниот B-Class се грижи и за безбедноста. Германската марка стандардно го испорачува моделот со систем за самостојно запирање при опасност од судир.

Електричниот B-Class според германскиот ценовник стартува од 39.151 евра.

Претходна објаваToyota негодува за прикажувањето на нејзиното лого во „Брексит“
Следна објаваСоосновачот на Гугл ќе прави летечки автомобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here