Соосновачот на Гугл ќе прави летечки автомобили

На Лери Пејџ не му е доволно тоа што ќе го промени сообраќајот со роботизирани автомобили, туку планира да ги пушти автомобилите и да летаат. Огромни суми веќе се инвестирани во овој проект.

Соосновачот на Гугл, Лери Пејџ, издвојува огромни суми од приватниот буџет во развој на летечки автомобили. Од 2010 година наваму, тој има вложено над сто милиони долари во фирмата Zee Aero, којашто се занимава со необичните летала. Пејџ имал намера неговата силна финансиска подршка да остане во тајност, но очигледно дека намерата му е осуетена. Покрај тоа, човекот што е заслужен за создавањето на една од најмоќните компании во денешницата инвестира паралелно и фирмата Kitty Hawk, којашто има малку поразлична замисла за летечкиот автомобил на иднината.

Првата од двете фирми што ги финансира Пејџ располага со експертски тим од 150 вработени и ги тестира возилата на мал аеродром во Силиконската долина. Станува збор за двосед со електричен погон, којшто може да полетува и слетува вертикално, исто како хелокоптер. Во тимот спаѓаат и поранешни вработени во агенцијата за вселенски истражувања NASA и во производителот на авиони Boeing.

Според документацијата што се води за Kitty Hawk, главниот конструктор на роботизираниот автомобил на Гугл, Себастијан Трун, има статус на претседател во оваа фирма. Кити Хок е градот во којшто на браќата Рајт во 1903 година им успеа првиот моторизиран лет во историјата. Во моментов повеќе компании низ светот работат на развој на летечки автомобили, вклучувајќи го и познатиот проект во Словачка.

Претходна објаваЕлектричен Mercedes за полицијата во Саксонија
Следна објаваНајубавите европски патишта: Ексклузивна видео-серија на Ford, BP и Castrol

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here