Дизелот ја губи популарноста во Европа

Porsche Cayenne dizel

Помалку од половината од новопродадените автомобили во Европа се со дизел мотор. Паѓа популарноста на штедливиот погон, аналитичарите предвидуваат дека надолниот тренд ќе продолжи.

Според продажните статистики за минатата година, дури 53 проценти од новопродадените автомобили на европскиот пазар имале дизел мотор. Во меѓувреме, уделот на дизелот опадна на помалку од половина. Купувачите сé помалку се интересираат за дизел моторот, а пазарните експерти предвидуваат дека неговата продажба во следните години ќе се намалува уште подрастично.

Во април, помалку од половината од новопродадените автомобили во Европа биле со дизел мотор. Долгогодишната доминација на штедливиот мотор веќе избледува. Во првите четири месеци од годинава, продажбата се намалила за 2,2 проценти во споредба со истиот период лани. Можно објаснување е зголемениот интерес на купувачите за електричниот и хибридниот погон, но и последица од „дизелгејтот“ во целата автомобилска бранша.

Пазарните експерти предвидуваат дека уделот на дизелот во следните единаесет години ќе се намали на само 35 проценти. Најголемо опаѓање во продажбата бележат токму пазарите на коишто традиционално е висок уделот на дизел моторот. Во Шпанија, априлската продажба бележи пад на дизелот од 6,8 проценти, во услови кога две третини од возниот парк во земјата се состои од автомобили со дизел мотор. Слична е ситуацијата и на традиционалниот дизелски пазар Франција.

Претходна објаваМистеријата на Mitsubishi Outlander што се претвори во подвижен пчеларник
Следна објаваПринцот Алберт Втори од Монако со Toyota Mirai на стартот на трката

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here