Акционерот Катар бара поголемо влијание во Volkswagen

Државата Катар, како трет најголем акционер во концернот, по холдингот Porsche и покраината Долна Саксонија, бара начини да го зголеми влијанието во Volkswagen.

Во Волфсбург моментно се разгледуваат можностите за проширување на президиумот на управниот одбор од шест на осум членови, меѓу коишто за првпат ќе се најде и член од Катар. Информацијата прва ја објави германската новинска агенција DPA. Државата Катар поседува 17 проценти од акциите во концернот Volkswagen, што го прави трет најголем акционер, по холдингот Porsche со 52 проценти и германската покраина Долна Саксонија со 20 проценти. Претставници на Катар во управниот одбор на Volkswagen се Акбад ал Бакер, шеф на националната авиокомпанија Qatar Airways и Хусеин Ал Абдула, член на инвестицискиот фонд на Катар.

Управниот одбор на Volkswagen се состои од 20 членови, во рамноправен сооднос од претставници од главните акционери и претставници на синдикатот. Шест членови моментно го сочинуваат президиумот на управниот одбор, коишто се кормилото на концернот и ги донесуваат клучните одлуки за концернот. Катар досега немаше член во президиумот, покрај членовите од семејствата Порше и Пих и претставници од синдикатот и од покраината.

Акбад ал Бакер е познат по критичките ставови кон работните синдикати и по исмевањето на конкурентските авиокомпании од Европа кога реагираат на работничките штрајкови. Тој е член на управниот одбор на Volkswagen од минатата година.

Концернот од Волфсбург е веќе седми месец во криза по скандалот со издувните гасови и сервисните повици и нарушувањето на имиџот го доведуваат во голема финансиска неизвесност.

Претходна објаваПлатинесто издание на Porsche Cayenne
Следна објаваВо Тирол отворен „највисокиот“ музеј за мотоцикли во Европа

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here