за

Платинесто издание на Porsche Cayenne

Тоа што е врвно достигнување за турбофолкерките, за Porsche е само специјална моделска серија на Cayenne, којашто се повикува на квалитетите на платината заради нагласување на елеганцијата, благородноста и ексклузивноста на моделот.

Porsche има платинесто издание на Cayenne. Специјалната серија Platinum Edition е достапна за Cayenne Diesel и Cayenne S E-Hybrid, се препознава однадвор по спортските акценти и нуди изобилство опрема за помалку пари отколку при одделна нарачка на опциите. Крилата мораше да бидат проширени заради сместување на бандажите од 20 инчи во дизајнот RS Spyder. Спортските седишта во комбинација од кожа и алкантара се местат електрично и го имаат втиснато грбот на Porsche во потпирачите за глава. По традиција, Platinum Edition е посебна серија што Porsche ја нуди во ограеничен временски период.

porsche cayenne platinum edition hh
Сериите Platinium Edition обично се достапни само во ограничен временски период

Дополнителната опрема оди во прилог на комфорот и безбедноста, со биксенонски светла со динамично следење на патот, сервоуправување “Plus” за помалку напор при паркирање, како и сензори за паркирање. Сите три ретровизори имаат заштита од заслепување, задните прозорци се затемнети дополнително. Ексклузивната појава ја заокружуваат каросериските детали лакирани во црна сјајна боја.

Секако дека не се пропуштени и челични плочки на праговите, со испишано име на серијата и со осветлување во хибидната моделска изведба на Cayenne. Во опремата следува и навигација преку интернет, како и озвучување од Bose. Во кокпитот се забележува и аналоген часовник. Cayenne S E-Hybrid располага дополнително со климатизација додека горивото мирува во место – благодарение на напојувањето од батериите.

porsche cayenne platinum edition bandazi

Во погонот не се менува ништо. Трилитарскиот дизел располага со 262 КС и троши 6,8 литри на сто километри, додека хибридниот Cayenne поседува системска моќност од 416 КС и во заедничка работа на електромоторот и трилиарскиот бензинец троши само 3,4 литри бензин на сто километри.

Цената за моделите од серијата Platinum Edition во Германија изнесува 74.352 евра за Cayenne Diesel, односно 90.298 евра за Cayenne S E-Hybrid. Испораките стартуваат во јуни.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Кинескиот Qoros се најавува како технолошки предводник

Акционерот Катар бара поголемо влијание во Volkswagen