Fiat Chrysler повикува во сервис: Автомобилите може сами да се „одвезат“

Кога ќе се здружат две имиња што се синоним за дефекти и неквалитет, комични работи се случуваат. Не и за сопствениците. Chrysler повикува во сервис, затоа што автомобилите може да „добијат нозе“.

Пропуст во конструкцијата на автоматскиот менувач во возилата од итало-вестернот Fiat Chrysler може да предизвика сопствениците да не го најдат својот автомобил таму каде што го оставиле. Fiat и Chrysler лани веќе имаа една масовна сервисна акција за 1,7 милион автомобили, но поради друг проблем.

Сега концернот предводен од Fiat повикува во сервис 1,1 милион возила. Производителот утврдил дека постои пропуст во функционирањето на автоматскиот менувач кога возилото е паркирано. Проблемот се однесува на моделите Dodge Charger и Chrysler 300, произведувани во периодот меѓу 2012 и 2014 година, како и на Jeep Grand Cherokee од 2014 и 2015 година.

Регистрирани се 41 случаи на повреди кои се поврзуваат со овој проблем

Според Fiat Chrysler, кај овие модели постои опасност возилото да продолжи да вози откако возачот ќе излезе, дури и кога автоматскиот менувач е префлен во позицијата за паркирање и моторот е изгаснат – или кога возачот мисли дека моторот е изгаснат. Регистрирани се 41 случаи на повреди кои се поврзуваат со овој проблем. Американските власти уште во февруари започнаа истражна постапка во врска со случајот.

Најголемиот дел од возилата се на северноамериканскиот континент. Само во САД мора да се сервисираат 811.586 возила, односно 52.144 во Канада. Надвор од континентот, од проблемот се погодени 248.667 возила. Лани во септември, Fiat Chrysler повика 1,7 милион возила во Северна Америка поради проблеми со воланот и воздушните перници.

Покрај тоа, Fiat Chrysler може да се соочи со проблеми и во врска со користењето техника за лажирање на вредностите на издувните гасови во неколку свои модели. Вкупно 17 марки на автомобили ја применувале оваа практика, повеќе за тоа на следниов линк.

Претходна објаваСедумнаесет производители лажат за чистотата на издувните гасови
Следна објаваНајпродаваните автомобили во Европа: Astra повторно во Топ 10

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here