Во првиот квартал од годинава, Mazda продаде за близу една третина повеќе возила отколку во истиот период лани, надминувајќи го за четирипати порастот во продажбата на сите марки на европскиот пазар.
Јапонската марка е во освојувачки поход на европскиот пазар. Во првото тромесечје, Mazda продаде 68.797 возила или за 28,5 проценти повеќе отколку во истиот период лани. Позитивниот тренд е уште поубедлив ако се има во предвид фактот дека ова е 14-тиот последувателен квартал што Mazda го завршува со дебел плус во продажбата. Во исто време, сите производители заедно, на европскиот пазар имаат забележано раст од 8,1%. Според тоа, Mazda расте четирипати побрзо од целиот европски пазар.

Овие резултати во голем дел се должат на одличната продажба на кросоверот Mazda CX-3 и на новата генерација на Mazda 2. Трикратно е зголемена и продажбата на новиот родстер MX-5, во меѓувреме крунисан со титулите на светски автомобил на годината и најдобар дизајн на годината. Британскиот пазар останува водечки за моделот, со една третина од вкупната продажба на MX-5.
По земји, најголем раст во продажбата имаат забележано Португалија (+300%), Италија (+200%) и Шпанија (+70%). Следат Белгија, Холандија, Норвешка, Чешка, Ирска и Полска, сите со продажба зголемена за над 50 проценти. Mazda има неверојатно висок удел на швајцарскиот пазар, каде што 3,5 проценти од новопродадените автомобили во првото тромесечје се од јапонската марка.
















