Од претставувањето на првиот луксузен автомобил со хибриден погон во 2005 година се продадоа еден милион хибриди на Lexus. Јубилејното возило е NX 300h.
Lexus продаде еден милион возила со хибриден погон, откако го претстави RX 400h како прв автомобил со две срца во април 2005 година. За одбележување на овој значаен јубилеј, шефот на Lexus во Европа, Ален Ујтенховен пристигна во Милано за лично да му го предаде новиот автомобил NX 300h на сопственикот.
Престижната марка на Toyota го претстави RX 400h како прв спортски теренец со полн хибриден погон од премиум сегментот во април 2005 година. Една година подоцна следеше и првата премиум лимузина со хибриден погон GS 450h, за во 2007 година да пристигне LS 600h како најмоќна хибридна лимузина од луксузна класа. Понатаму беа претставувани HS 250h (2009), првиот премиум компакт со хибриден погон CT 200h (2011), ES 300h (2012), IS 300h и GS 300h (2013). Актуелниот NX 300h имаше премиера во 2014 година, а кон крајот на минатата година беше претставено и спортското купе RC 300h. Во денешната понуда на Lexus влегуваат вкупно 10 модели со хибриден погон, што секако е најголем број во браншата.

Европа во моментов е најголем пазар за хибридните модели на Lexus на глобално ниво. Лани, две од три продадени возила на марката имале хибриден погон, а доколку се земе само регионот на Западна Европа, нивното учество достигува дури 95 проценти. Во премиум сегментот, Lexus повторно е водечки со учество од 45 проценти, односно 77 проценти доколку се исклучат плагин-хибридите.
Во почетокот на годинава имаше премиера LC 500h, со нова генерација на хибриден погон со високи перформанси, наречена MSHS (Multi Stage Hybrid System), кој обезбедува уште поголема моќност, подобро забрзување и повисока ефикасност. Моделот ќе биде достапен во продажба од почетокот на следната година.
Продажба на хибридни модели на Lexus по регион
| Пазар | Продажба од 2005 | Продажба во 2015 |
| Северна Америка | 345.5k | 38,540 |
| Европа | 237.5k | 40,629 |
| Јапонија | 225k | 31,420 |
| Кина | 97k | 21,120 |
| Источна Азија | 62k | 11,151 |
| Океанија | 19.5k | 3,535 |
| Азија | 8.5k | 1,294 |
| Останати | 5k | 1,343 |
Продажба по моделски серии со хибриден погон
| Модел | Продажба од 2005 |
| RX | 335k |
| CT | 267k |
| ES | 118k |
| HS | 67k |
| NX | 63k |
| GS 450h & 300h | 53k |
| IS | 51.5k |
| LS | 41k |
| RC | 3.8k |
















