„Слушачи на мотори“ го проверуваат квалитетот на Ford Focus RS

Ford има обучено тим од техничари кои преку слушање на работата на моторот на спортскиот Focus RS проверуваат дали техниката функционира беспрекорно. Слично како при лекарски преглед.

Постојат подрачја во кои ниту најсовремената техника не може да ги замени човечките сетила. Машина за дегустација на вино или за фино штимување клавир уште не е измислена, тука човекот е супериорен над техниката. Во производството на мотори во Ford исто така повеќе се верува во чувствителноста на сетилата отколку на прецизноста на техниката. Во ера кога за проверка на квалитетот на производство интензивно се користи напредна технологија, Ford откри дека за одредени тестови, човечкото уво е незаменливо како гарант за квалитетот.

Посебно обучени техничари преку слушни тестови проверуваат дали 2,3-литарската турбомашина со 350 КС работи беспрекорно пред нејзиното вградување во Focus RS. Овие „слушачи на мотори“ знаат како звучи срцето на спортскиот пулен на Ford кога е калибрирано совршено и способни се да препознаат и најмало отстапување од звукот. Слично како при лекарски преглед со стетоскоп, кого што ниту најсовремена техника за дијагностика не успеала да го замени досега.

Слушачите во фабриката на Ford во Валенсија, Шпанија, минаа повеќемесечна обука и пракса за да можат да ги препознаат и најмалите отстапувања, преку едноминутен звучен тест на моторите за Focus RS во една од 18-те „глуви соби“ на крајот на производствената линија. Пропусти може да бидат на пример зачепен канал за подмачкување или оштетен забец на запченик. Во случај да се наслушне овој пропуст, моторот се исклучува од производствената лента и се враќа на корекција на проблемот. Според Ford, на овој начин значително се зголемува завршната проверка на квалитетот на производство.

Освен за жешката машина во Focus RS, слушните тестови се спроведуваат и за моторите во Focus ST, S-Max и Mondeo, кои што исто така се произведуваат во шпанската фабрика. Дневно се слушаат и до 2.000 мотори. Каква професионална деформација произлегува од сето тоа, уште не е востановено.

Претходна објаваКамиони на MAN и Scania тестираат возење во „плотун“
Следна објаваПетмина механичари на Nissan што се попрецизни од секоја машина

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here