Уште еден доказ за „издржливоста“ на Volvo. Седум години по премиерата, кросоверот XC60 уште успева да го предводи сегментот и со продажбата да ги надмине сите конкуренти.
Шведскиот кросовер XC60 се појави за првпат уште во 2008 година, но како што минуваа годините, тој се продаваше сé подобро. И не само подобро, туку и најдобро. Во минатата година, кросоверот од средната класа се продаде подобро од кој било од неговите конкуренти. Volvo XC60 достигна 158.617 примероци во 2015 година и тоа е негова најдобра продажба досега. Истото важи и за моделите S60 и V60 со коишто тој ја дели платформата.
Во сегментот на Volvo XC60 воопшто не е лесно, затоа што тука чекаат ѕверки како BMW X3 или Honda CR-V и Mazda CX-5. Во оваа конкуренција, Швеѓаните успеаја за околу осум години да продадат над 750.000 примероци од моделот. Продажбата надмина 100.000 примероци дури во 2012 година и продолжи да расте постепено, достигнувајќи 136.993 примероци во 2014 година.
















