Легендарниот Renault 5 Alpine ќе вози на историското рели Монте Карло

По 35 години откако ја декласираше конуренцијата уште при првото појавување на релито Монте Карло, Renault 5 Alpine ќе вози повторно на патеката, со Жан Рањоти зад воланот.

Големите легенди на релито, Жан Рањоти и Renault 5 Turbo, повторно ќе се појават на релито Монте Карло, овојпат на настанот во којшто учествуваат историските имиња од мотоспортот. Рањоти, кој годинава полни 70 години, ќе ги демонстрира повторно своите акробатски возачки способности, во истиот автомобил со којшто постигна победа на Монте Карло пред 35 години, уште при првото појавување на „5 Turbo“ на тркачките патеки. Во чест на јубилејот, возилото ќе го носи бројот 9 на вратите. Тимот Renault Classic Релито ќе го започне релито на 29-ти јануари во Реимс, а завршетокот на манифестацијата ќе биде на 3-ти февруари во Монако.

renault 5 alpine monte 1

Претходна објаваТест на АДАК: Бустери за старт во замена за обичните кабли?
Следна објаваJaguar Land Rover стана најголем производител на автомобили во Британија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here