Стартуваше производството на Ford Focus RS

Во фабриката на Ford во Сарлуис денес стартуваше производството на новиот Focus RS. Компактниот спортист постанува нови стандарди во класата со 350 КС и спринт до сто за помалку од пет секунди.

Ford има уште еден значаен датум за одбележување. Љубителите на екстремните спортисти со ознака RS, исто така. Денес во фабриката во германскиот Сарлуис е произведен првиот примерок од новата генерација на Focus RS, којашто на конкурентите им поставува предизвици на коишто е тешко да се одговори: 350 КС и забрзување до сто за 4,7 секунди. Првиот примерок е нарачан од купувач од Белгија, со нитро-сина боја на каросеријата, дополнително опремен со пакет Easy Driver, навигациски систем Sony и бандажи од 19 инчи.

ford focus rs 9835475Новата генерација на Focus RS за првпат вози со погон на сите тркала, кој во целост е посветен да постигне врвна динамика во возењето, место само тракција во отежнати услови на патот. Во техничкиот арсенал на RS спаѓа и динамична распределба на вртежниот момент, посебно за секое тркало, како и контрола за брз старт. Како модел од серијата Performance, екстремниот RS чини нешто помалку од 40.000 евра. Производството се одвива на истата линија со стандардните модели од семејството на Focus.

Освен на европскиот пазар, Focus RS ќе се испорачува и во САД, Канада, Јужна Африка, Австралија, Нов Зеланд и Кина. Само во Европа веќе има над 3.100 нарачки за моделот. Германија прва ќе ги добие примероците од новиот RS, со почеток на испораките во март.

Претходна објаваJaguar XE е најбезбедна лимузина според Euro NCAP
Следна објаваНе мора секогаш да биде теренец: Комби-модели со погон на сите тркала

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here