Германската тркачка патека којашто е предизвик за сите конструктори на автомобили и возачи, повторно ќе се отвори за професионалниот велосипедизам. Тука последен пат се вртеле педали во 1978 година.
На тркачката патека Нирбургринг за првпат по 1978 година ќе се вози велосипедска трка за професионалци. Во рамките на традиционалниот настан „Rad am Ring“ или во најблизок превод „Велосипед на кругот“, на 31 јули е се одржи еднодневна велосипедска трка од прва категорија во организација на светската асоцијација за велосипедизам. Професионалните велосипедисти се враќаат на Нирбургринг по 50 години откако Руди Алтиг ја освои титулата светски првак во 1966 година, по триумфот на легендарниот „Северен јазол“, како што се нарекува 22-километарската делница на оваа патека. Поради предзвикувачката кофигурација на патеката сместена во густа шума, многумина го познаваат Нирбургринг и како „Зелениот пекол“.
Првиот светски шампионат се одржа на „Северниот јазол“ уште на 21-ви јули 1927 година, истата година кога патеката се отвори за натпревари. По 1966 година, светскиот шампионат се врати по третпат на Нирбургринг во 1978 година. Од 2003 година, над 10.000 аматери и рекреативци возат на познатата тркачка патека во рамките на „Велосипед на кругот“, која што се одржува секоја година.
















