за

Audi го избра Брисел за производство на електричниот теренец

Auto e-tron quattro concept

Audi реши првиот свој електричен теренец да го произведува во Брисел, место во германските фабрики. Поради овој чекор, повеќе актуелни модели ќе мораат да ја сменат локацијата.

Брисел е новиот центар за производство на електричните возила на Audi. Место во домашните фабрики во Инголштат или Некарсулм, премиум марката реши да го почне следниот чекор кон мобилноста на иднината во Белгија. Од 2018 година, во фабриката во Брисел ќе започне сериското производство на првиот електричен теренец на Audi. Во истата фабрика ќе се изработуваат и батериите за електричниот погон. Продукцијата на Audi A1 ќе се пресели од Брисел во шпанскиот Марторел, а таму произведуваниот Audi Q3 ќе се пресели во Унгарија, во Гјор.

Од овие моделски рокади ќе профитираат производствените центри што се надвор од матичната територија на марката. Според шефот Руберт Штадлер, целта е да се зголеми ефикасноста на производството и да се зајакнат сите фабрики во глобалната мрежа на Audi. Тоа секако значи и обезбедување поголем број работни места надвор од Германија.

Првиот електричен теренец на Audi ќе се произведува од 2018 година само во Брисел, од каде што ќе се снабдува глобалниот пазар. Студијата Audi e-tron quattro concept од салонот во Франкфурт веќе го најави идниот сериски модел, кој ќе се позиционира меѓу Audi Q5 и Audi Q7. Трите електромотори и батериите со голем капацитет ќе се погрижат на возилото да му обезбедат спортски перформанси и динамични возни својства, но и многу поголем досег отколку сегашните возила со погон на струја. Audi најавува досег од над 500 километри и можност за брзо полнење на батериите. Со преземањето на производството на батериите, Брисел ќе прерасне во клучна локација за електромобилноста на целиот концерн Volkswagen.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

На Нирбургринг повторно ќе се вртат педалите

Tesla тужи германска фирма поради измама со крилестите врати