Овој човек блокираше цел автопат за да ја запроси својата девојка

Млад човек блокираше еден од најоптоварите патишта во САД за да ја запроси својата љубена. Тоа што возачите збеснаа и поднесено е дебело обвинение против човекот е споредна работа во овој случај. Или можеби не?

Видал Ваљадарес, 24-годишен Американец вака ја објаснува идејата да блокира еден од најоптоварените патишта во САД во времетраење од неколку минути, „само“ за да ја побара својата девојка за жена: „Љубовта те тера да правиш будалести работи. Сакав да направам нешто големо за мојата девојка, за таа цел живот да се сеќава на тоа.“

Двојката од Хјустон, во американската сојузна држава Тексас се запознала пред една и пол година и на првата средба застанале на кусо со својот мотоцикл на автопатот 45, за да уживаат во глетката на градските облакодери. Ваљадарес добил идеја на истото место да ја запроси својата девојка и го направил тоа пред една недела. Младиот Американец побарал помош од своите пријатели, кои со 8 автомобили ги запреле сите сообраќајни ленти на автопатот во времетраење од неколку минути.

Најважно е тоа што девојката го прифатила Ваљадарес за свој иден сопруг и сигурно нема да ја заборави таа сцена до крајот на животот. Но, сега претстои соочување со бесот на возачите. Ваљадарес се надева дека од тоа нема да произлезат правни консеквенци. Залудно се надева, затоа што веќе е поднесено обвинение против него и целиот случај може да заврши со шестмесечна затворска казна. Во интервју за телевизискиот канал abc13, Ваљадарес изјави: „Многу ми е непријатно и сакам да им се извинам на сите, доколку предизвикав некои проблеми. Немав таква намера. Сакав само да направам нешто необично.“ А кој би помислил дека самоволно блокирање на оптоварен автопат би предизвикало какви било проблеми?

Претходна објаваHonda доби дозвола за летање: 25 авиони HondaJet чекаат за испорака
Следна објава250.000 купувачи го презеле својот нов Audi директно од фабриката во Некарсулм

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here