Pininfarina стана индиска фирма за каросериски дизајн

Италијанската каросериска работилница Pininfarina отсега е во сопственост на индискиот концерн Mahidra. Новиот сопственик плати 25 милиони евра за куќата од каде што излегоа најдобрите автомобилски дизајни во историјата.

Индискиот концерн Mahindra ја презеде италијанската каросериска работилница Pininfarina. Групацијата Mahidra купи 76 проценти од акциите во реномираната дизајнерска фирма од холдингот Pincar, којшто е под контрола на неколку италијански банки. Индијците за тоа платија 25,2 милиони евра, а се очекува дека Mahindra ќе го откупи и остатокот од акциите за дополнителни осум милиони евра.

Pininfarina е едно од најголемите имиња во италијанскиот автомобилски дизајн. Безброј креации потекнуваат од оваа дизајнерска фирма, меѓу другото Alfa Romeo Spider и Ferrari Testarossa. Се очекува спогодбата да стане конечна во првиот квартал од следната година.

 

Претходна објаваНовите норми за издувни гасови „преслаби“ за ЕУ
Следна објаваНоемвриската продажба на возила во Европа порасна за 14 проценти

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here